Политика за приватност

Градска ја почитува приватноста на корисниците на своите информативни сервиси и услуги, како и приватноста на посетителите на интернет страницата www.градска.мк
Собирањето, чувањето, користењето и поништувањето на личните податоци се одвива во согласност со Законот за заштита на личните податоци (СВ. 7/05).

Сите лични податоци кои се добиени во електронска или друга форма, како и податоците кои лицето ги внело во обрасците и формуларите на интернет страницата www.gradska.mk или на социјалните медиуми, се смета дека се добиени со согласност на тоа лице.

Градска не е одговорна за последиците, материјална или друга штета која може да се јави кај лицето и кај друго физичко или правното лице, доколку лицето даде/внесе неточни или нецелосни податоци.

Личните податоци се добиени единствено и исклучиво заради непречено обезбедување и доставување на информативните сервиси и услуги на Рацин на испитаникот/корисникот или на посетителот на интернет страницата www.gradska.mk.

Градска ги чува личните податоци на испитаникот/корисникот само додека трае обврската поради која податоците се добиени. Кога ќе престане договорниот или друг вид на однос помеѓу Градска  и лицето испитаник/корисник, сите лични податоци трајно се отстрануваат од Збирката лични податоци на страницата.

Градска се обврзува обработката на личните податоци да не ја поверува, ниту нив да ги отстапува на трети лица.

Личните податоци на корисниците на информативните сервиси и услуги на Градска и на посетителите на интернет страницата www.gradska.mk, не се достапни за трети лица, освен во случаеви кога тоа е поинаку пропишано со закон