За нас

Градска.мк е веб портал кој ќе обезбеди навремени, точни и кредибилни информации и се заснова врз демократски принципи, независно информирање, против говор на омраза и ширење дезинформации.

Овој нов медиумски проект ќе се обиде да го задржи вниманието на публиката на важните теми и настани во политиката и во општеството. Во насоки на развој на Северна Македонија ги поддржува западните евроинтеграциски процеси, ќе покрива приказни со фокус на Скопје и општините во градот, но и кратки известувачки содржини за останатите значајни случувања од земјата и светот.
Се разбира, ова ќе биде место и за бизнисот и економијата. Ќе ги следиме најновите достигнувања или предизвици поврзани со парите, стандардот и инвестициите. Ќе бидеме простор и за тие што ги нарекуваме дијаспора, а тоа се, всушност, нашите блиски што заминале од земјава. Ќе им кажеме и покажеме до каде сме, како се развиваме, што можат да направат за нас, што решивме да останеме на ова парче македонска земја.
Истовремено, ќе понуди и богатство од култура, уметност, забава, музика, филм, технологии, спорт…
Ова ќе биде наше заедничко место за информирање и забава. Ќе биде и патоказ кон места корисни за едукација и разонода.
Пишувајте! Споделете ги со нас вашите доживувања! Споделете инфо за вашиот омилен филм или книга, за концертот што сте го посетиле, настан во вашето место на живеење… Лајкнете нѐ на Фејсбук, следете нѐ на Твитер, јавете се.

Сето тоа и многу повеќе! Ве повикуваме, сите да се собереме на едно место, наше место да слушнеме, видиме, прочитаме и напишеме нови страници на едно поубаво секојдневие, заедно.