Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП соопшти дека нема да работат по вообичаено возен ред поради денот на Албанската азбука.
Но, во соопштението помешаа неработни национални денови со верски. Во соопштението се наведува дека денеска поради „денот на Албанската азбука, кој е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед, неколку линии од јавниот превоз ќе функсионираат по празничен возен ред„
Општо е познато дека овој празник нее верски туку национален.
„Почитувани корисници на јавниот превоз, Ве информираме дека утре, среда (22. 11. 2023) поради денот на Албанската азбука, кој е неработен ден за верниците од муслиманската вероисповед, неколку линии од јавниот превоз ќе функсионираат по празничен возен ред. Линија 80А нема да сообраќа, а линијата 180 ќе сообраќа по саботен возен ред. Линиите 11, 11а, 47а, 55 и 70 ќе работат по неделен возен ред“.
Скопјани не сакаат да се возат во Градски
За проблемите во ЈСП освен горенаведеното кажуваат и бројките каде вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 131 илјади во третото тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 2.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 6.6 %, во приградскиот превоз е зголемен за 0.5 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 3.1 %, а во меѓународниот превоз за 38.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 14.8 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4.2 %, во приградскиот превоз е намален за 5.4 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 9.7 %, а во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 23.5 %.