ФОТОГРАДСКА: Што и на кого му згреши оваа искршена канделабра на Плоштад?

Очигледно е дека на вандализмот му нема крај. Тоа го покажува грозната глетка прикажана на фотографијата. Граѓаните повторно се неодговорни кон јавните добра, еден ден исчезнуваат клупи, другиот ден се кршат канделабри.

Оваа канделабра стои падната цело утро, тотално небезбедна, со жици кои пренесуваат струја, но никој не се интересира ниту да ја поправи, ниту пак да ја заштити.

Иако низ центарот на градот поминуваат голем број туристи, се чини дека градските власти воопшто не ги интересира сликата која ја гледаат на плоштадот„Македонија“.