Се слави Денот на шегата, се бираат најдобрите маски

Фото Ангел Ангеловски

Суперхерои, принцези, мали вештерки, мумии, бубамари, пчелки може да се сретнат денеска низ скопските улици, се слави 1 април – Денот на шегата. Најмладите маскирани со своите родители и наставници итаат на забавите што се приредуваат низ скопските општини.

Натпревари за најдобра маска се одржуваат во главниот град на државава, а за најуникатните маски, предвидени се награди. Во општина Кисела Вода, за најмладите има и бесплатен рингишпил денеска, а забава приредуваат „Поточиња“.

Покрај деца, може да се видат маскирани и родители, баби, дедовци, граѓани од сите возрасти.

Најмногу деца има на плоштадот „Македонија“.

Поврзани објави