Новогодишните куќички сѐ уште „го красат“ плоштадот во Скопје

Додека граѓаните почнаа да планираат каде ќе го поминат летниот одмор, на плоштадот „Македонија“ во Скопје и натаму владее новогодишната атмосфера. Дрвените куќарки кои вообичаено се поставуваат за време на новогодишните празници, се искршени и претворени во складишта за отпад.

Дрвените куќички не смеат да ги користат ниту уличните книжари на плоштадот.

За време на новогодишните празници, дрвените куќарки се користат за продажба на разни предмети. Од Град Скопје досега не дадоа одговор дали ќе бидат отстранети од плоштадот или ќе се користат за некоја друга пригода.

Поврзани објави