Search
Search

Југозападниот регион во земјава нема дом за стари лица

Во целиот Југозападен регион нема ниту еден дом за стари лица. Пред речиси една деценија струшките пензионери, поддржани од сите пензионерски здруженија во регионот поднесоа иницијатива за изградба на достоинствен дом за стари лица.

Велат, луѓето во третата доба се оставени сами на себе. Поради иселувањето на младите, евидентен е порастот на стари лица кои бараат згрижување.

„Жално е што доаѓаат овде и викаат еве ви ја пензијата згрижите не. Децата ни заминаа, нема како да живееме ние. А сакаме и ТВ, сакаме и штампа и сè што сака денешниот човек. За жал ние креваме раменици“, изјави Милорад Трпоски, претседател на Здружението на пензионери од Струга.

Во минатото имало два објекти изградени од ПИОМ за потребите на пензионерите, но наместо да станат старечки домови, денес со нив стопанисуваат приватни лица.

„Старечките домови во Струга изградени во свое време за згрижување на пензионерите во Струга, останаа само пуста желба. Од два домови нема ниеден наменет за пензионерите. Тие старечки домови се откупени односно продадени на приватни лица“ додава Трпоски.

Струшките пензионери, 5.200 на број, бараат Министерството за труд и социјална политика и Сојузот на пензионери да преземат мерки за што поскоро регионот да добие дом за стари лица.

Извор: МРТ

 

АКТУЕЛНО