Search
Search

Ќе се чисти депонијата Вардариште и ќе се гради спортски комплекс и мега парк

Град Скопје денеска соопшти дека за првпат по 60 години очнуваат со целосно чистење и санација на старата градска депонија Вардариште.

Во студијата изготвена за градот Скопје во 2014 година, било констатирано со примероци од подземна вода, отпад од телото на депонијата и присутните гасови и дека депонијата е во метанска стабилна фаза, а согласно гантограмот од динамиката на работите, времето за реализација на еден ваков комплексен проект изнесувал 26 месеци.

-Актуелното градско раководство го направи она кое што не му успеа на ниту едно претходно, а тоа е да стави крај на една од најголемите опасности по животот и здравјето на граѓаните во Скопје. Со варијантата со која би се задржале далноводите на својата местоположба, се прави заштитен појас од 12 метри лево и десно, по што следи изградба на спортски игралишта, одвоено од остатокот на локацијата со зелена зона со високо зеленило. На северозападната страна планирани се дополнителни спортски содржини и терени, за централниот и североисточниот дел расад на рози, а за јужната страна изградба на парк на 60 илјади метри квадратни – велат од Град Скопје.

Во активноста се вклучени јавните претпријатија Комунална хигиена Скопје, Улици и патишта, Паркови и зеленило.

-На местото на депонијата ќе биде изграден голем спортски комплекс со спортско-рекреативни содржини и терени како и нов мега парк. Оваа локација од место кое е опасно по здравјето на граѓаните градот Скопје ќе ја претвори во локација за спорт и рекреација која ќе влијае позитивно на здравјето на граѓаните и ќе го подобри квалитетот на живот. Ова е реализација на уште еден успешен проект од програмата За модерно Скопје, со кој покажуваме дека доколку се сака и се знае како, може да се делува и работи поинаку. Нашите сограѓани заслужуваат да живеат во здрава и еколошки чиста животна средина – се наведува во соопштението.

АКТУЕЛНО