Search
Search

Ѓоргиевски: Националната Агенција е отворена за секакви идеи да ги поддржиме, за со една цел – Скопје повторно да биде со предзнакот на метропола

Скопје е метропола и не смееме да си го доведеме тоа до прашање, од можеби лошо менаџирање во изминатиот период. Тоа е мој впечаток, дека Скопје имало многу убави денови, Скопје имало и прекрасни настани, концерти, евенти и слично вели директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност Марко Ѓоргиевски во гостувањето на „Слободен печат“.

-Скопје 2028 година ќе биде град – Европска престолнина на културата. Меѓутоа, не само таа година, во следниот период, иако 2028 година е премногу далеку, меѓутоа мора да планираме, сите институции заедно. Што е тоа што можеме да го подобриме? Бидејќи мора да се научиме дека мораме се да изменаџираме, или да ставиме се на куп – сите институции, сите невладини, сите државни или од локалната самоуправа. Ајде сите заедно што можеме да направиме. Бидејќи градот ќе биде град, и после мојот мандат и после мандатот на градоначалникот на Скопје и другите општини. Мора да се научиме дека мораме да го ставиме градот во подобро светло од тоа што бил од кога сме го превземале. И ако биде таа идеја и замисла, мислам дека можеме да успееме. Апелирам, сите заеднички, ние сме со Националната Агенција отворени за секакви идеи, да ги поддржиме, за со една цел – градот повторно да биде со предзнакот на метропола, вели тој на прашањето што треба да се промени во градот.

Ѓорѓиевски најави дека годинава во план е да се вклучат што е можно поголем број на млади луѓе, но дека ќе бараат и апликации со поголем квалитет бидејќи од оваа 2024 година ќе има различен и построг пристап во програмата со цел да се спроведуваат што е можно поквалитетни и поинклузивни проекти.

„За 2024 година си дадовме еден амбициозен план, прво со отворање на канцеларија или подружница во Битола, каде од Владата добивме простор на користење и во тек е јавна набавка за реконструкција. Започнуваме со снимање и емитување на поткасти, бидејќи видовме дека со буџетот што сега го имаме, имаме огромен број на заинтересирани апликанти, меѓутоа она што сметавме дека недостастува е тие позитивни примери да се рашират бидејќи има огромен број на позитивни примери, дали се тоа мобилности или проекти кои треба да се споделат со широката јавност. Имаме двојно зголемен буџет за зелени активност, повеќе иницијативи за млади, ќе имаме посета на Европскиот парламент во април“ посочи тој.

Еразмус плус програмата, како и проектите преку Европскиот солидарен корпус, освен што носат придобивки за нашите студенти и волонтери, позитивно влијаат и на заштитата и унапредување на културното и историско наследство, порача тој.

„Во Дојран имавме меѓуграничен проект за изградба на мандра и ловење риби и тоа е пример како со европски пари можеме да го зачуваме македонското културно наследство и тоа е она кон што треба да се стремиме, она што ни е битно да го зачуваме и да го заживееме. И не само Еразмус плус туку и со поддршка на Европскиот солидарен корпус и тоа како може да влијае позитивно на секојдневниот живот но и на заштита и промоција на она што ни е важно“, смета Ѓорѓиевски.

За него, голем успех е што македонскиот јазик во Еразмус плус програмата е на исто рамниште со останатите светски јазици, што само потврдува колку оваа европска алатка е важна за заштита на македонскиот идентитет.

„Од 2023 година македонскиот јазик е официјален јазик којшто може да се изучува. Тоа значи дека за сите оние што ќе дојдат тука да студираат, да волонтираат, да имаат можност, претходно, пред да дојдат во државата да го изучуваат македонскиот јазик. Тоа за нас е од големо значење, бидејќи сега македонскиот јазик е рамо до рамо со сите европски јазиици и сите студенти кои би дошле тука да можат да го изучуваат јазикот претходно.и со тоа се дава значење на македонскиот јазик во европски рамки“ посочи тој.

АКТУЕЛНО