Search
Search

Јавниот превоз во Скопје – Една слика, илјада зборови

Во 2022 година, Скопје за првпат во својата историја, од осамостојувањето на државата, остана без јавен превоз поради протестот на возачите на Јавното сообраќајно претпријатие, а проблемот со приватните превозници од „Макеспрес“ и „Слобода превоз“ остана да се решава во 2023 година.

Тие се вратија на улиците во мај годинава, но што се се смени?

Освен новите 33 автобуси со германскиот производител МАН кои возат на гас од 2020 година, за останатите тешко може да се каже дека се еколошки, а под знак прашалник е нивната техничка исправност.

Тоа особено важи за приватните автобуси чија просечна старост е повеќе од 25 години, а некои и 40.

Фото Драган Мишев

За хуманите условите не треба ниту да се зборува. Климата во најголем дел не работи, па граѓаните се гушат дури и во поладните денови бидејќи овие автобуси немаат прозори, додека пак кај дел од двокатните автобуси климата е заглавена на најладно па патниците се чувствуваат како да патуваат на Сибир.

А безбедноста пак е на најниско ниво, речиси секој ден има автобус кој се запалил, расипан автобус на среде улица, потрошени гуми и што уште не.

Едно од добрите решенија беше БРТ, но овој проект го изеде политиката и инаетот на градоначалничката Данела Арсовска бидејќи беше проект на нејзиниот претходник Петре Шилегов. Таа две години потроши на ревизија на овој проект како што и самата најави, ама постојано се препира со советот на Град Скопје и инсистира на набавка на други автобуси додека плаќаме пенали за БРТ, проект финансиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Соња Танеска

АКТУЕЛНО