Search
Search

Љупчо Палевски уапсен во Турција

Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот бербер од Велес, Панче Жежовски е уапсен на аеродром во Турција по меѓународната потерница која ја објави македонското МВР.

За Палевски веќе е покрената истрага за делата грабнување и убиство, а освен него, обвинителството има уште четворица осомничени. За него полицијата и обвинителството велат дека бил тој што го испукал куршумот, односно ја убил Вања, а претходно пукал и во Жежовски, чиј автомобил бил користен за грабнувањето на девојчето од Скопје.

Министерството за внатрешни работи за вечева во 22:30 часот закажа прес-конференција од која се очекуваат повеќе детали. Апсењето на Палевски доаѓа по вчерашното распишување меѓународна потерница по него.

АКТУЕЛНО