Search
Search

Њујорк тајмс објави ретро прилог од 1948 за доцнењето на југословенските возови

„Њујорк тајмс“ во своето европско издание од 1948 година го опиша речиси детално однесувањето на екипажот на железницата и доцнењето на југословенските возови до нивната дестинација.

Престижниот весник се повикува на комунистичкиот орган „Борба“ дека преку истрага биле утврдени доцнењата на возовите.

Весникот пишува дека комунистичкиот орган „Борба“ преку истрагата што ја направиле за лошите навики на возовите на југословенската железница откриле негативно однесување на дел од персоналот во возот.

Во еден случај, екипажот на возот во близина на хрватскиот град Кленак, напуштајќи го возот, отишле на селскиот саем во Шабац, преку реката Сава, каде си купиле маторица и пет прасиња доилки.

А во Светозарево, според „Борба“, сигналниот човек бил пијан цела ноќ.

Ваквите работи плус неопходните поправки на главните линии и недостатокот на добар јаглен за локомотивите ги правеле возовите да доцнат повеќе од сите во светот, се жали „Борба“. Во јули просечниот воз доцнел дваесет и две секунди по километар, во август имало дваесет и пет секунди задоцнување од километарскиот распоред, а во септември триесет и седум.

Со акутен недостиг на транспорт, овие доцнења се скапи за националната економија.

„Борба“ ја обвинува „лошата организација, слабата техничка обука на службениците и недостатокот на дисциплина меѓу поединечните службеници“, и пишува дека белградските области се исклучително лоши. Директорите станале обични статистичари и не направиле ништо за да ги поправат доцнењата.

– Њујорк Хералд, Европско издание, 20 октомври 1948 година

 

 

АКТУЕЛНО