Search
Search
фото: МИА, Интервју на премиерот во техничката Влада Талат Џафери

Џафери: Не се раководам по Фејсбук, министрите од АА институционално да се изјаснат дали имаат чувство на припадност на Владата или не

Премиерот во техничката Влада Талат Џафери изјави дека ја следи ситуацијата во Алијанса на Албанците, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Џафери во интервју за МИА  вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротиставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.

„Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски“, изјави Џафери во интервју за МИА.

Вели дека има воспоставено и лична комуникација со министрите и со замениците и дека тие можат секогаш да ги го побараат, но нагласува дека тој ќе се раководи од институционалната постапка и соодветно на тоа ќе одлучи каков ќе биде исходот.

Алијанса за Албанците изминатите денови е во центарот на вниманието откако во саботата Фејсбук стана арената во која првенците на Алијанса за Албанците ги потврдија шпекулациите за длабоките разлики во врвот на партијата за тоа како и со кого да се настапи на претстојните парламентарни избори.

 

АКТУЕЛНО