Search
Search

(Видео) Вака изгледа полноќ на Антарктикот: Појава која ретко може да се види…

Метју Џордан, којшто поголем дел од годината живее на Антарктикот, на социјалните мрежи споделил како полноќта изгледа во ова подрачје.

„Сонцето синоќа на полноќ беше неверојатно убаво. Само две седмици нѐ делат од почетокот на поларниот ден, што значи дека зајдисонцата и изгрејсонцата наскоро ќе завршат“, напишал тој.

Поларниот ден или полноќното Сонце е природен феномен којшто се појавува северно од Арктичкиот круг и јужно од Антарктичкиот круг. Во текот на тој феномен Сонцето е видливо 24 часа на ден.

Времето во текот на кое Сонцето не заоѓа зависи од географската положба на местото, а варира од 20 часа на самите кругови до 186 дена на половите. Спротивно од овој феномен е кога Сонцето воопшто не изгрева, а тоа се нарекува поларна ноќ.

„Наутичкиот самрак сега е најмрачен. Да го ставиме тоа во перспектива, сега на полноќ е поведро отколку напладне среде зима… Каква разлика прават само два месеци…“, објаснил тој.

Погледнете го видеото:

 

 

АКТУЕЛНО