Search
Search

12 потврдени случаи на голема кашлица кај деца на училишна возраст во Скопје

Денеска нови два случаи, потврдени со пертусис во училиште во општина Аеродром каде има најмногу потврдени слуачи со пертусис вкупно десет деца. По еден случај на пертусис кај училишни деца има во Сарај и Студеничани, велат од Центарот за јавно здравје. Од центарот велат дека случаите се потврдени по напавени испитувања за бактеријата која ја предизвикуа болеста пертусис. За сите случаи заедничко е што децата не биле вакцинирани.

Директорот вели колку и да се преземат мерки за чистење во училиштата и да се внимава кој е болен да остане дома. Но болеста се спречува само со вакцинација. Тој вели дека и вакцинирани може да се заразат но состојбата е полесна. Професорката Ставриќ за канал 5 објасни дека големата кашлица е најкритична за малите деца до две годишна возраст, но и кај повозрасни деца кои немаат приемно вакцина може да имаат тешка состојба и последици по здравјето. Ствариќ вели дека не само вакцините за продолжен имунитет се важни и ревакцините до седум годишна возраст.

Во клиниката за детски болести има едно месечно бебе со пертусис засега во подобора состојба од пред една недела. Во клиниката за детски болести Козле нема нови случаи. Утре комисијата за заразни болести треба да заседава и да одлучи дали ќе има нови мерки.

АКТУЕЛНО