Ако еден македонски уметник заслужува да биде наречен основоположник на современата македонска ликовна уметност, тоа секако е Никола Мартиновски. Несомнено, меѓу најпосетените места во Крушево е истоимената галерија, основана во 1968 година. Токму оваа 2023 година се навршуваат 55 години од отворањето на галеријата, а истовремено се одбележуваат 120 години од неговото раѓање.
Одбележувањето започна со организирање на првата дигитална колонија во Крушево под менторство на уметникот Зоран Кардула каде 8 дизајнери и илустратори се запознаа со творештвото на Мартиноски.
Делата креирани со дигитални алатки, а инспирирани од творештвото на Мартиноски деновиве беа изложени низ чаршијата во Крушево, а денеска ќе бидат поставена во Галеријата на Никола Мартиноски.
Настанот е поддржан од Европска куќа – Скопје.
Изложбата, отворена до наредната недела, е сочинета од дигиталните дела на 8 дизајнери и илустратори, иснпирирани од творештвото на Мартиноски со кое се запознаа преку првата дигитална колонија.