Search
Search

30 евра чини патниот лист со кој може да се вратите дома, ако немате пасош „Севена“

Граѓаните кои се затекнати во странство со пасош без „северна“ и ќе треба да си дојдат во Македонија ќе може тоа да го направат ако извадат патен лист во некое од дипломатско-конзуларните претставништва на Министерството за надворешни работи, пишува A1on.

Македонската амбасада во Берлин издаде инструкции за граѓаните кои треба да аплицираат за нови пасоши, но и за патни листови кои ќе чинат 30 евра и ќе паднат на трошок на македонските државјани.

Патниот лист се вади без термин во било која од амбасадите или било кој конзулат и е со важност од 30 дена, односно служи само за враќање во Македонија.

АКТУЕЛНО