Search
Search

„5.17“ – нова изложба на слики и монотипии од академскиот уметник Диме Темков

Нова изложба на слики и монотипии насловена „5.17“ од академскиот уметник Диме Темков, посветена на циклусот меморијални настани во спомен на трагичниот земјотрес во Скопје во1963 година, ќе биде отворена вечер во 21 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје.

За поставката се посочува дека уметникот во своите нови слики, отворено и емотивно размислува за вечните теми на смртта, сеќавањето и победничката моќ на животот и љубовта.

-Ова е возбудливо и многу трогателно искуство кое го вклучува секој гледач во процесот на заедничка ретроспективна уметничка рефлексија. Ова е многу релевантна изјава надвор од вообичаените идеи за сè, вклучително и уметноста и инспирација. Ова е вистински „mindsight” – искуство на «седмо сетило».

АКТУЕЛНО