Search
Search

Македонија ја доби најголемата централа на соларна енергија во Западен Балкан

Компанијата „Меј Енерџи“ ја заврши фотоволтаичната централа од 55 MW во Новаци, со што Македонија ја доби најголемата соларна централа во регионот.

Западен Балкан е бавен во распоредување на соларна енергија, но списокот на фотоволтаични централи од ден на ден станува се поголем. Централата во Новаци ја надмина онаа во БИХ од 45 MW која влезе во пробна фаза.

Инвестицијата во Новаци е вредна 40 милиони евра, стои во соопшението од компанијата. Целата централа се простира на 57 хектари, и има 101.000 панели. Вклучува преку 856 километри кабли. Изградбата почна во ноември, а сите изведувачи се од Македонија. Животниот век на оваа централа, според компанијата, ќе биде 25 години, а струјата ќе се продава на слободниот пазар, првично во земјата.

Централата е изградена на приватно земјиште, а локацијата беше поволна поради близината на 110 КВ мрежа, бидејќи во близина е РЕК Битола, со која раководи државната компанија ЕСМ. Македонија постепено се бори со исфрлање на јагленот за производство на струја, и значителен дел од системот ќе се замени со соларна енергија.

Во моментов во Косово и во БИХ се градат фотоволтаични електрани со капацитет од 140 и 150 MW.

АКТУЕЛНО