Search
Search
Фото - unsplash

Анима мунди: Убиство на мечки не смее да има, треба да се нахранат

Отстрел, убиство на диви животни не смее и нема да биде предлог на маса за решавање на овој проблем наместо наметнување мерки на населението и комуналните служби, преземање дејствија за редовно чистење на отпад и прихранување на мечките. Обука на населението како да се заштити и превенира, коегзистира со дивите животни што е пракса во секоја цивилизирана држава со развиена свест.

Кафеавата мечка е диво животно со највисока заштита во законот и предупредуваме дека така треба и да остане.

Ваков апел испрати организацијата Анима мунди откако во јавноста излезе проблемот на жителите на Маврово, каде се почесто мечки се спуштаат во населените места.

-Мечката е важен и витален дел од националните паркови т.н. инжињер на екосистемот. Таа го одржува балансот во екосистемот, ја зголемува вегетацијата во шумите. Поради очигледната неможност да се прехрани во своето природно живеалиште заради човековото влијание и уништување на шумските предели истата нашла лесен начин да дојде до храна кај човекот, кантите за отпадоци и дивите депонии.

Наместо надлежните институции со доза за сериозност да пристапат кон овој проблем, да се консултираат со експерти на оваа тема и да најдат безболно решение кое не вклучува смрт, натежнуваат кон масовно убиство на повеќе од половина од популацијата на мечки во нашите национални паркови – мерка која нема да доведе до никаков резултат бидејќи нема да ја исклучи можноста останатиот дел од мечките да гравитираат повторно низ населените места за лесен пристап до храна од кантите за отпадоци и дивите депонии.

Ова е веќе позната стратегија и слика на една монструозна нација и држава во која владее безаконие, каде заштитениот вид не само тука туку и во цел свет ќе биде доведен до истребување поради досега непостоечки механизам на контрола и заштита на дивите животни.

Апелираме до институциите да пристапат со сериозност кон ова и да не се расфрлаат со глупави идеи за кои ќе се осигураме дека ќе добиете осуда од локалната и меѓународната заедница, предупредуваат од Анима мунди

 

АКТУЕЛНО