Search
Search
Фото Марио Андоновски

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е трет, пред него на целта стигнаа Кенијците Киплагат и Лабан

Виктор Киплагат од Кенија победи денеска на Скопскиот маратон, пред неговиот сонародник Чериот Лабан, додека трет низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.

Фото Марио Андоновски

Киплагат патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на Скопскиот маратон.

Фото Марио Андоновски

Втор низ целта мина неговиот сонародник Лабан со време од 2:16:03, додека третото место го освои македонскиот рекордер во маратон Дарио Ивановски со резултат 2:19:08.

Трчаше и министерот Николовски

Министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше еден од 11.000-те учесниците на денешниот маратон во Скопје. На 9. Издание на Виз Ер Скопски маратон во нашиот главен град денеска дојодоа натпреварувачи од 53 држави.

 

Поради маратонот, до 15 часот низ скопските улици ќе има посебен режим на сообраќај. Организаторите на Виз Ер Скопски маратон упатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Затворени за сообраќај ќе бидат следните улици: ул. Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, улицата Свети Кирил и Методиј, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11ти Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).

Одржувањето на Виз Ер Скопски маратон 2023, покрај генералниот спонзор Виз Ер, го помогнаа покровителите Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Канцеларијата на Европската Унија, Македонски олимписки комитет и други спонзори.

АКТУЕЛНО