Search
Search
Фото/ Wikimedia Commons

Со фондовите на ЕУ, земјите членки од проширувањето во 2004 обновија и изградија модерна инфраструктура според највисоки европски стандарди

Во Брисел и на сите земји членки им е јасно дека војната во Украина покажа дека на ЕУ, повеќе од кога било, ѝ треба нова и ефикасна заедничка надворешна, безбедносна и енергетска политика заснована на солидарност, но и на новите околности од геостратешки аспект кои силно ја наметна итноста од следно проширување и тоа колку што е можно поскоро.

Целта е поставена во годината 2030, а процесите почнаа.
Европската унија ја помина првата фаза од проектот за реформи на блокот за да може тој да прими нови членки со измена на некои одредби за одлучување, како и финансирањето.

„Во Литванија, финансирањето на ЕУ ни помогна да спроведеме многу значајни проекти, вклучително и арените Паневезис и Сиаулиаи, спортското училиште во Пасвалис, западната обиколница Вилнус, кружниот премин Јакаи во Клаипеда, како и изградбата на една од најголемите и најмодерни библиотеки во балтичките земји. Центарот за научна комуникација и информирање на Универзитетот Вилнус.

Парите на ЕУ, исто така, придонесоа за реновирање на повеќе од петстотини згради од јавно значење, како што се училишта, библиотеки и болници, за реконструкција и развој на повеќе од 150 системи за третман на вода и управување со отпадни води. Друг дел од поддршката на ЕУ ја добиваме индиректно преку отворање нови работни места и зајакнување на конкурентноста на компаниите, развивање на компетенциите на вработените, развој на здравствени и образовни услуги, зачувување на нашето културно наследство“, оценува по повод членството на Литванија во ЕУ, вели европратеничката Радвиле Моркунаите-Микуленије.

Таа дополнува дека „ слободата на движење низ ЕУ ни овозможува слободно да патуваме, да работиме, да учиме и да летуваме не само во Литванија, туку и во другите земји на ЕУ. ЕУ обезбедува неограничено образование и можности за превозници во Литванија. Над 20.000 литвански студенти веќе имаат корист од краткорочните студиски програми во различни земји на ЕУ“.

Оваа недела, на состанокот во јужниот шпански град Мурсија, министрите за европски прашања на ЕУ ги усвоија заклучоците за кои ќе одлучува самиот на европските лидери на 6 октомври во Гранада под шпанско претседателството, кога се очекува да бидат презентирани многу појасно контурите за реформи и подготовки за ново големо проширување.

 

АКТУЕЛНО