Search
Search

„Трамвајот наречен желба“ вечер на „Скупифестивал“

Во рамки на програмата на МТФ „Скупифестивал“ вечер во Албанскиот театар ќе биде прикажана преставата „Трамвајот наречен желба” од авторот Тенеси Вилијамс од Сараевскиот воен театар, во колективна режија и улоги на Дина Мушановиќ, Аљбан Укај, Игор Скварица, Матеа Маврак, Ноа Југо.

-„Трамвајот наречен желба“ е претстава за нас. Секогаш се наоѓаме во состојба на некоја пресвртна точка од нашите животи, а истите тие пресвртници секогаш не’ прегазуваат. Сите ние сме како Бланш Дибоа,  веруваме во доброто, но и се плашиме од него; веруваме во вистината, но за да се заштитиме, ретко ја кажуваме; вистината нè гризе, тие рани смрдат како раните на Филоктет, но ние упорно и тврдоглаво продолжуваме да веруваме дека во моментот кога ќе се расчистат сите сметки, вистината, добрината и нежноста ќе не’ спасат. Како што никој не навива за Бланш, така никој не навива ни за нас, велат организаторите на фестивалот.

Вчера на „Скупифест“ бил прикажан и перфомансот „Бура и продор” кој е производ од работилницата предводена од режисерката Теа Беговска. Оваа  работилница, како што наведуваат, е да искреира театарски перформанс на младите актери: Илин Јовановски, Миа Кантарџиева Петровска, Дин Ибрахим, Бојан Лазаров, Тодор Стојковски, Дениз Рустеми.

АКТУЕЛНО