Search
Search

За една недела во Општина Центар казнети 257 возачи

На територијата на Општина Центар, во текот на минатата недела, казнети се 257 возачи за непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар од 2 до 8 октомври, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 161 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичкото средство „блокатор“, санкционирани се 96 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-За трајно решение на на сообраќајниот метеж и и проблемот со неправилно паркирање, неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и Општина Центар во наредниот период ќе продолжат секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани возила во Општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.

АКТУЕЛНО