Еден план важи сѐ до усвојувањето на нов план без оглед на фактот што формално му истекла важноста. Но, од друга страна, еко-активистите веќе се изјаснија: доцнењето значи отворена врата за лоши ДУП-ови кои не се во склад со фактичката состојба во градот на даден потег. Плус меѓувремено имаше и нов попис, па планирањето практично се води според застарен план кој не кореспондира со податоците за жители.

Плус неажурирани податоци за зеленило, плус нови сообраќајници, плус уште е дозволено долж тие улици да се планираат фамозните „линиски центри“, огромни згради како „Настел“, објектот кај Мајчин дом или кулите кај „Холидеј ин“ што не влегуваат во параметрите на градска четврт – број на жители, густина на население и разни инфраструктурни потреби – со што одат контра начелата за хумано живеење.

Прочитајте повеќе на Радио Моф