Search
Search

Демолирани детски игралишта во Аеродром, вандали палеле и кршеле реквизити

Вандали дивееле на детски игралишта во општина Аеродром, запалиле и искршиле неколку реквизити, кршеле корпи за отпадоци и клупи поставени на игралиштата. Од Општината апелираат за поголема грижа за јавната сопственост и бараат полицијата да преземе засилени мерки.

Во изминатите неколку денови, општинските служби затекнаа оштетени детски игралишта, уништени спортско – рекреативни реквизити и урбана опрема на повеќе локации во општината. Најстрого го осудуваме овој вандалски чин и апелираме до граѓаните да бидат совесни кон јавните површини. Истовремено бараме од надлежните државни институции со засилени активности да ги спречат појавите на вандализам во општината – велат од Аеродром.

Оттаму потсетуваат дека урбаната опрема, детските катчиња и спортски игралишта се заедничка сопственост и одговорноста за нивно одржување треба да е обврска на сите.

АКТУЕЛНО