Search
Search

Доделени стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства во Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска додели стипендии и симболични подароци на осум ученици од семејства со висок социјален ризик кои учат во основните училишта во општината.

Овие стипендии нека ве поттикнат да продолжите со успесите со цел да постигнете уште поголеми достигнувања и да бидете пример и поттик за вашите школски другари. Општина Центар е секогаш тука за вас, отворена и достапна за вашите идеи и размислувања, им рече градоначалникот на учениците кои денеска го посетија во Општина Центар.

Стипендиите кои Општина Центар ги доделува секоја година се во износ од 3000 денари месечно и учениците ќе ги добиваат до крајот на учебната година.

АКТУЕЛНО