Search
Search

Во Кисела Вода некаде има, а некаде нема парно

Автоматската секретарка на ЕСМ му кажува на соговорникот од другата страна на телефонот дека секаде во Скопје се испорачува топлинска енергија, но некои жители од населбата Кисела Вода веќе го загубија трпението затоа што во нивните згради нема парно уште од почетокот на грејната сезона.

Уште повеќе што со автоматизирањето на пораките на телефонот на ЕСМ оние што имаат проблем не можат вистински да го предочат и да поразговараат со надлежните од компанијата на која секој месец ѝ исплаќаат надомест за услугите што ги дава. Овој пат, за услугата што не ја дава.

Жителите од улицата „Вера Јоциќ“, поточно од зградата на број 7 се јавија во нашата редакција за да се пожалат за овој проблем затоа што по толку јавувања во ЕСМ од таму нема никаква повратна информација зошто немаат парно – дали проблемот е во доводот на топлинската енергија до зградата, дали проблемот е во потстаницата (а пристап во неа имаат само службите на ЕСМ) или е во прашање нешто друго. Едноставно молк.

Времето преку ден е навистина топло, но утрата се прилично свежи, на некои од граѓаните на Кисела Вода кои плаќаат за парното греење, студенилото им се пренесе во домовите. Немаат парно греење, а нема ни кој да им каже зошто е тоа така.

 

АКТУЕЛНО