Search
Search

Мечка нападнала возрасен човек кај Македонски Брод

Во текот на вчерашниот ден помеѓу с. Пласница и Ораоец, во општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, информираа од Центарот за управување со кризи.

Информациите се дека тој бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот.

Откако ги слушнале повици за помош, тие испукале неколку истрели во воздух, после што мечката побегнала, а нападнатото лице било кое било преплашено се здобило со телесни повреди, велат од ЦУК.

На крајот на септември годинава општина Маврово и Ростуше побара Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на општината поради зголемено присуство на мечки на овие простори и опасноста којашто тие ја имаат по локалното население.

По однос на проблемот во Маврово и Ростуше, Владата им даде рок од три месеци на Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат мечките. За координација на активностите на институците, пак, е задолжен директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

АКТУЕЛНО