Search
Search

ЦУК: Отстрел само на многу агресивни мечки

МВР да ги собере потребните информации за опасната мечка во Пласница, па ЦУК ќе бара од ресорните министерства да извршат проценка дали се исполнети условите за отстрел на животното кое го нападна 76 годишниот Минче Рамчески од Пласница нанесувајќи му сериозни повреди.

Минче сега во добра состојба,но вели приказната немало да има среќен крај ако не биле ловците кои ја исплашиле и избркале мечката откако испукале куршуми во воздух.

Проблемот со мечките се јави пред околу еден месец во Маврово и Ростуше, па во Жировница, кога животните им се шетаа низ дворовите и им влегуваа во куќите на жителите.Од МЗ на погодените села сега информираат дека ситуацијата е стабилна поради мерките кои се презеле.Прихранувањето и пукањето во воздух вродиле успех.

Инаку утринава е пронајдено угинато мало мече најверојатно во сообраќајна незгода кај с.Вејце и е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство информираше претседателот на ЦУК Стојанче Ангелов.

АКТУЕЛНО