Трета седница на Советот на Град Скопје, наменета за советнички прашања, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска не е присутна.
На нејзината страница на Фејсбук објави дека денеска правела увид во отпочнувањето на активностите за санација и одржување на двете велосипедски патеки на Водно.
– Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на било која седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, на денешната седница за советнички прашања, на која повторно не е присутна градоначалничката, Данела Арсовска.
Андоновска посочи дека има повеќе од 50-тина прашања од граѓани кои што во овие шест месеци ги собрала од средбите со граѓани, а нема како да и ги постави на градоначалничката, освен на овие седници и на седниците кои што се предвидени за советнички прашања.
Секретарот на Град Скопје, појасни дека градоначалничката е на терен во директна комуникација со граѓаните, за остварување на програмата „За модерно Скопје“.
Советниците на СДСМ ја напуштија седницата, затоа што без разлика што присутни се раководителите на сектори, кои се најкомпетентни да одговорат, тие не „сакаат да ги стават во незавидна положба, затоа што одговориле да бидат прераспределени по пожарните станици или да ги фати проветрување“.