Search
Search

Средношколците од медицинските училишта против одлуката на МОН да ги исклучи од конкурсот за стипендии

Средните медицински училишта од Штип, Гостивар и Тетово реагираа на одлуката на Министерството за образование и наука да ги исклучи учениците од здравствените струки од конкурсот за стипендии во дуално образование.

Тие излегоа на протест заедно со нивните родители, кои се револтирани затоа што добивањето стипендија и извршување практична работа во здравствена установа како дуално стручно образование било наведено во конкурсот при упис и затоа сите тие се одлучиле да ги одберат тие паралелки.

Револтирани се и наставниците, бидејќи како што велат, имале повеќе месеци работа за да се организираат и договорат овие дуални паралелки со повеќе здравствени установи.

По нивната реакција од МОН денес соопштија дека следниот месец ќе објават конкурс за ученички стипендии за здравствените струки во дуално образование.

АКТУЕЛНО