Search
Search

Зградата на Кино Влае ќе се гледа и од врв на Водно од што ќе биде голема, велат жителите кои го обвинија Карпош дека лаже

Иницијативата „Борба за Влае“ составена од жители на населбата ја обвини Општина Карпош предводена од Стевчо Јакимовски дека споделува лажни информации поврзани со габаритот на зградата која треба да никне близу булеварот Партизански одреди. Тие велат дека за габаритот на зградата се намалува за пола спрат, ама затоа, зградата ќе се гледа од врв на Водно, поради големината.

„Габаритот на зградата кај Кино Влае од 21.100 се намалува на 20.801 м2 вкупна површина на сите катови. Околу 300 м2 или за неверојатни 1.4%! Фала дечки, сте се утепале од кратење. За споредба, повеќето згради во Порта Влае имаат помалку од 15.000 м2 од зграда. Ако се одземе 300 метри квадратни од било која зграда тоа ќе биде помалку од пола спрат. И пак зградата ќе се гледа од врв на Водно од што ќе биде голема. Така да дечки, изјава дека сте скратиле 299м2 од 21.100 е несериозна, а дополнително и лажна. Зградата на Кино Влае не припаѓа во нашата населба, а посебно не во оваа џиновска форма. Уште поважно е што парцелата на која мнозински сопственик е Аполо Инжењеринг претходно имала 19.724 м2 на сите катови, а сега има 20.801. Така да не е баш дека е скратено од зградата. Кратењето е од другата парцела, која претходно била 1.377 а сега е 944. Таа парцела е катната гаража што бидејќи е одвоена не ни мора да ја изгради за да ја изгради 12катницата. Општина Карпош споредува две парцели (19.723+1.377) со една (20.801) и лажно се фали дека сега има намален габарит“, велат од иницијативата „Борба за Влае“.

ДУП-от кој предвидува 12-катница и други објекти за кои се бунтуваат жителите е донесен во 2016 година кога градоначалник беше Стевчо Јакимовски. По две години беше укинат од Уставниот суд. Според иницијативата, сега, Карош ја носи спорната зграда и поблиску до булеварот.

АКТУЕЛНО