Шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години се застрелани во Чикаго за време на забава по повод Ноќта на вештерките, пренесува „CNN“,
Меѓу големиот број повредени се две лица во критична состојба.
-Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата.
Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.
-Полицијата продолжува да го истражува пукањето, се наведува во соопштението.
Дополнително, оружен инцидент со жртва за Хеловин имало во градот Индијанаполис. При престрелка е убиена една девојка, а уште 9 лица на возраст меѓу 16 и 22 години се ранети на забава за Ноќта на вештерките.