Search
Search

Маричиќ: Крајно време е да се отвори темата зошто ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја блокираат оваа држава на патот кон ЕУ

„Не може да има одговорност во оваа држава за се освен за оние што блокираат. Крајно време е да се отвори темата зошто ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја блокираат оваа држава на патот кон Европската Унија“, истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Тој додаде дека цената треба да ја платат оние кои што ја држат сопствената држава во заложништво и кои што сакаат самите да се закочиме себеси и да и дадеме аргументи на Бугарија.

„Јас мислам дека не треба да им се прости на оние кои што ја држеа заробена државата 11 години и кои што сакаат повторно тоа да го прават и на сите оние кои што им помагаат во тоа, сите оние кои што сакаат да не одалечуваат од ЕУ да не приближат кон Русија или да не приближат кон оние центри на моќ што се активно против нашето членство во ЕУ…“заклучи Маричиќ.

АКТУЕЛНО