Search
Search

Граѓаните на Гази Баба: Битно химната ќе се интонира, дупките по улиците не се приоритет

Иако точката за задолжително интонирање на химната во општина Гази Баба не беше дел од планираниот дневен ред на советот на општината, сепак, како што посочи еден од советниците за време на дискусијата дека предлогот бил доставен во последен момент, сепак беше изгласана и почна да се применува од оваа недела.
 
Кај учениците од ООУ Кирил и Методиј во општината присустуваше и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски кој се фотографираше заедно со учениците и рече дека интонирањето на химната во училиштата е почит кон својата татковина.
 
Но дали тој навистина се грижи за учениците или пак се обидува да извлече политички поени бидејќи за време на седницата дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ покрај тоа што нагласуваат дека со интонирањето на химната ќе се развиел патриотизам кај учениците, неколку пати нагласуваат дека во оваа општина не важи името Северна Македонија и се однесуваат како да се на партиски митинг на партијата, а не на седница на која се носат одлуки за граѓаните.
 
На истата седница скратен буџет на училиштата?
 
На истата седница градоначалникот Стефковски предложи кратење на средства за меѓународни натпревари во училиштата бидејќи немало интерес и тие пари секоја година пропаѓале. Задача на секое училиште, но и на општината е да ги мотивира учениците да ги истакнуваат своите способности и на тој начин да придонесат кон општеството, но веројатно за Стефковски ова не е патриотизам, а тие пари едноставно може и да се пренаменат.
 

 
Ова точката 24 која се однесува на кратење на буџетот на училиштата за културни манифестации во училиштата поточно, да се избрише сумата од 150.000 денари за поддршка на учениците на меѓународни натпревари и настапи, според која исто така се скратени и субвенциите за спортскиот летен камп се намалуваат од 2 милиони денари на 1.700.000.
 
Граѓаните се жалат на дупките по улиците во општината
 
На социјалните мрежи пак граѓаните на Гази Баба коментираат дека поголем приоритет се дупките по улиците, а не интонирањето на химната.
 
Тие посочуваат дека дел од нив се уште имаат улици со кал, а и безбедноста е намалена, особено што е оштетена рампата кај пругата, но Стефковски не покажува никаков интерес да ја поправи бидејќи не било под негова надлежност.
 

 

За жителите на оваа населба голем проблем е и хигиената, поточно шубрето кое го има насекаде.
 
 
 
Соња Танеска

АКТУЕЛНО