Search
Search

Антибиотиците со кои се третираат чести детски инфекции повеќе не се ефикасни

Едно ново истражување ги предупредува здравствените работници дека антибиотиците што се користат за лекување на чести детски инфекции кај децата и бебињата во многу делови од светот, ја губат својата ефикасност поради развој на резистентност. Според новото истражување, многу од антибиотиците препорачани од Светската здравствена организација (СЗО) имаат ефикасност помала од 50% во лекувањето на детски инфекции од типот на пневмонија, сепса (инфекции на крвотокот) и менингитис.

Новата студија објавена во Lancet Regional Health – Southeast Asia открива „алармантно високи стапки на резистентност кон вообичаено препишуваните емпириски терапии за неонатална и педијатриска сепса и менингитис во азиско-пацифичкиот регион“.

За потребите на оваа студија, истражувачите собраке податоци од 86 труда од 11 земји, за да ја утврдат покриеноста со третман на вообичаените заболувања. Било откриено дека особено еден од антибиотиците (цефтриаксон),  би бил ефикасен во еден од три случаи на примена, односно во 29% од случаите при третирање на сепса или менингитис кај новороденчињата. Цефтриаксонот се користи и за третирање на други инфекции кај децата, како пневмонија и инфекции на уринарниот тракт. За еден друг антибиотик, гентамицинот , било откриено дека најверојатно би бил ефикасен во лекувањето на 45% од сите случаи на сепса и менингитис. Други најчесто препишувани антибиотици што вклучени во оваа студија се аминопеницилини, не-антипсеудомонални цефалоспорини од третата генерација и карбапенеми.

Антимикробната отпорност е една од 10-те глобални закани за јавното здравје со кои се соочува човештвото и претставува сериозен проблем за децата и новороденчињата. Тоа е затоа што е помала веријатноста за вклучување на деца во клиничките тестирања на нови антибиотици а исто така и нивната достапност најчесто се ограничува за децата.

Истражувачите, исто така, повикуваат на итна потреба од ажурирање на општите упатства за примена на антибиотиците за тие да ги одразуваат брзите стапки на развој на резистентност кон нив.

„Иако би потенцирале дека нашиот пристап е истражувачки и соодветствува на прва апроксимација, овие податоци ја ставаат под знак прашање покриеноста што во моментов ја обезбедуваат од антибиотските режими од прва и втора линија препорачани од СЗО“, пишуваат тие./emiter/

Извор Cosmos

АКТУЕЛНО