Search
Search

Бугарите ја почнаа грејната сезона со поскап гас, Регулаторот ја зголеми цената за 36 отсто

Бугарскиот енергетски регулатор (КРВР)во ноември одобри зголемување на цената на природниот гас за 36%. Ова е за 11% повеќе од првично предложеното зголемување од јавниот добавувач „Булгаргаз“, пишуваат бугарските медиуми.

Големопродажната цена на гасот во ноември ќе изнесува 42 евра/MWh, без ДДВ и акцизи.

Ваквата цена на гасот е шок за потрошувачите непосредно пред грејната сезона, коментираат медиумите и наведуваат дека ова е последица на приклучувањето на Бугарија кон казнените мерки против Русија.

Пре ова Бугарите имаа една од најповолните цени на гасот во Европа.

АКТУЕЛНО