Search
Search
Социјални мрежи

(Фото) Ако книжарниците сакаат да имат работа, ќе треба да продаваат влезници за фудбалски натпревари!

Од утринава во продажба се пуштени картите за ЕУРО 2024 квалификацискиот натпревар Македонија – Англија, а навивачите направија долги редици чекајќи ред да си купат влезница и тоа не каде било туку во книжарница.

Па на социјалните мрежи на ироничен начин поставија дилема „ако сакаат книжарниците да имат работа, подобро да продават влезници за фудбалски натперави“.

Се прокоментира дека во случај на продавање на влезници, по се изгледа книжарниците можат да ја прошират својата понуда и да ги привлечат фудбалските ентузијасти кои, заедно со купувањето на влезниците, можат и да разгледаат и купат книги или други производи што ги нудат. Продавањето на влезници за фудбал може да биде додатна можност за книжарниците да ги разшират своите приходи и да ги задржат постоечките клиенти, истовремено атрактивно привлекувајќи нови.

Од Фудбалската федерација веќе имат соопштено дека влезниците се пуштени во оптек, а цената се движи од 400-600.

Натпреварот Македонија – Англија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје 20 ноември со почеток во 20:45 часот.

АКТУЕЛНО