Во тешка состојба било примено бебето кое било родено во прилепската болница, велат од Детската клиника во Скопје. Државниот санитарен и здравствен инспекторат го истражува случајот. Професор доктор Апазија Софијанова, за Утринска на Телма посочува дека кога бебе ќе се роди со жолта боја, се претпоставува дека е бебешка жолтица, па додава: „но кожата на бебето може да е жолта и од некој друг инфект, кој стои во позадина, затоа треба внимателно да се набљудува“.
„Кога се раѓа бебето, треба внимателно да се набљудува“, вели таа.
Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе извршат вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена, а кое почина од сепса.
Според мајката на детето, која случајот го обелодени на Фејсбук, за смртта на нејзиното трето дете, виновни биле лекарите во прилепската болница.