Search
Search

“Скопје 2014” е проект којшто го нагрди ликот на градот

“Скопје 2014” е проект којшто го нагрди ликот на градот и за којшто се потрошија повеќе од половина милијарда евра, но и проект кој сериозно ја ризикува перспективата за социо-еколошка трансформација на градот.

Во рамки на третиот Социо-еколошки форум, Ивана Драгишиќ ги прошета учесниците од регионот на едукативна политичка и социо-еколошка градска тура “Градови во транзиција” во центарот на Скопје.

Низ својата цивилна, активистичка и еко-феминистилка перспектива, таа ги запозна учесниците со проблематичните аспекти на оставштината на проектот “Скопје 2014”.

-За изградба на непотребни и неквалитетни згради, под силен притисок и со многу полиција се сечеа дрвја и се уништуваше и остатокот од урбаната животна средина. Сите формални и неформални јавни простори и пасажи се окупирани или намалени, сообраќајот загушен, регулацијата на Вардар загрозена, а јавниот простор и културата затруени со манипулации, невистини и штетни наративи, вели таа.

 

 

АКТУЕЛНО