Search
Search

Досега заменети милион пасоши и 900 илјади лични карти

Досега се заменети над еден милион пасоши, 900 илјади лични карти и 480 возачки дозволи, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на новиот пункт за вадење лични документи во полициската станица „Пролет“.

Како што информира Спасовски, 80 проценти од граѓаните во внатрешноста на државата ги замениле личните документи.

Новоотворениот пункт во ПС „Пролет“ ќе биде со работно време од 8 наутро до 18 часот, и предвидено е дневно да опслужува 1000 граѓани, по принципот прв дојден-прв услужен.

АКТУЕЛНО