Search
Search

Фасадите во Скопје – Едните паѓаат од старост другите дека се од стиропор

Одлепени фасади и плочки, плочници што се закана по безбедноста на пешаците, нефункционални фонтани, стиропор што се рони е дел од секојдневието на скопјани.

Пред неколку дена паднаа парчиња од фасадата на зграда во центарот на Скопје, кај Министерството за правда. Бетонски парчиња паднаа на пешачката патека, но, како што информираа од Центарот за управување со кризи, нема повредени.

„Преку единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел од фасада во центарот на Скопје и можна опасност да падне уште. Останатиот дел од фасадата најгоре на зградата е потенцијална опасност за минувачите”, велат од ЦУК. Оттаму додаваат дека ја известиле Општина Центар, од каде им рекле дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица, тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа.

Тука секогаш за потсетување е и Скопје 2014, кој се распаѓа, а пак фасадите во Центарот на градот се само шминка.

Од едната страна се премачкани со боја, додека пак од позади граѓаните треба да внимаваат да не случајно им падне некој дел иако во 2012 година беа потрошени вкупно 55 илјади евра за реконструкцијата на фасадите, на првите пет објекти во центарот на градот.

Градска редакција

Фасадите се реконструираа во согласност со избраните идејни решенија во склоп на проектот Скопје 2014, а се на архитектите Звонко Ставревски и Жарко Чаушевски, кои на јавноста и се познати по други градби од овој проект.

Во интервју за Градска.мк архитектот и професор Мирослав Грчев неодамна кажа дека проектот „Скопје 2014“ е одраз на вграден криминал кој се манифестира преку неквалитетни зафати, погрешна градба, непочитување на основни градежни правила на градењето.


Тој доде дека со проектот „Скопје 2014“ се фалсификува историјата, се врши паралелно атак и приватизација а воедно и партизација- користење во партиски цели на целиот јавен простор.

Грчев посочува дека не само што не била прашана стручната заедница, туку тогашната власт не го консултирала ниту врвниот професионалец и доајен на архитектурата проф. Ѓорги Константиновски, кој според него е еден од нашите најдобри, најискусни, трофејни архитекти.

Скопје 2014, нечистотија, недоградени објекти, шминка на фасади

Кога гледаме дека граѓаните на социјалните мрежи споделуваат стари слики од плоштадот на главниот град, чуството на многумина е дека центарот на градот изгледало поубаво порано од ова што е сега!

 

Социјални мрежи

Сега сме сведоци на деструкција и како да сме нападнати од вонземјани.

Почнувајќи од Старата скопска чаршија па се до центарот на градот сведоци сме на дупки на улиците, рушење, нечистотија.

Нечистите улици се резултат на недостаток на редовно и ефикасно чистење, што предизвикува негодувања кај граѓаните и негативно влијание на општата атмосфера во градот. Туристите, кои треба да бидат посебно важен дел, често го искусуваат овој проблем, што може да влијае на нивното впечатување за Скопје како туристичка дестинација.

Дел од објектите што се изградени во проектот Скопје 2014 се распаѓаат, друг дел не се доизградени, а пак фасадите во Центарот на градот се само шминка. Од едната страна се премачкани со боја, додека пак од позади граѓаните треба да внимаваат да не случајно им падне некој дел иако во 2012 година беа потрошени вкупно 55 илјади евра за реконструкцијата на фасадите, на првите пет објекти во центарот на градот. Фасадите се реконструираа во согласност со избраните идејни решенија во склоп на проектот Скопје 2014, а се на архитектите Звонко Ставревски и Жарко Чаушевски, кои на јавноста и се познати по други градби од овој проект.

Инаку по­ве­ќе од половина милион евра од град­ска­та ка­са се по­тро­ши­ја за ре­кон­струк­ци­и­те на фа­са­ди­те на об­је­ктот „Пе­ли­стер“ и на об­је­ктот над ка­фу­ле­то „Тренд“, на пло­шта­дот Ма­ке­до­ни­ја, На об­је­ктот „Пе­ли­стер“, ре­кон­стру­и­ра­на е вкуп­на по­вр­ши­на од око­лу 1.200 ква­драт­ни ме­три. За­врш­ни­ца­та на фа­са­да­та е од дро­бен тра­вер­тин­ски ка­мен, а на ме­ста од ба­кар и од ко­ва­но же­ле­зо. На објектот на над ка­фу­ле­то „Тренд“, се ре­кон­стру­и­ра­ше чел­ни­от дел на об­је­ктот кој гле­да кон град­ски­от пло­штад. Се об­но­ви по­вр­ши­на од 210 ква­драт­ни ме­три, со при­ро­ден ма­те­ри­јал, стак­ло и со изо­ла­ци­ја. Ре­кон­струк­ци­ја­та на оваа фа­са­да чи­ни близу 60 илјади евра, а градежните ра­бо­ти, како и за Пелистер , ги из­ве­де фир­ма­та „Ба­у­ер БГ“.

Во прилог неколку фотографии од Градска.мк

Градска редакција
Градска редакција – Стара скопска чаршија
Градкса редакција – Стара скопска чаршија
Градска редакција- Центар на градот
Градска редакција – Центар на градот
Градска редакција – Центар на градот

АКТУЕЛНО