Search
Search

Јаневски: Во светот сме 13-ти по извоз на вино и 23- ти по производство на вино според глава на жител и хектари на винова лоза

Како земја дел од Отворен Балкан претставуваме неколку концепти ено-гастро , национални паркови и вино.

Имаме 74 винарии, од вкупно 225. Во светот сме 13-ти по извовот на вино и 23 ти по производството на вино според процентот на вкупен број на жители и хектари насадени со винова лоза во државата,“ истакна директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски за ona.telegraf.rs, на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Јаневски посочи дека во 2023 година се потврдило дека економскиот и туристичкиот сегмент на Отворен Балкан е многу важен.

„Сите три земји бележат раст во турстичкиот сектор. Повеќе патуваме, повеќе се дружиме, се социјализираме, заклучокот е дека Отворен Балкан само треба да се шири, истакна Јаневски.

АКТУЕЛНО