Search
Search

Општина Дебар апелира да не се оставаат стари гуми од возила на несоодветно место

Поради проблемите со дивите депонии со стари гуми од возила, што е забележливо во  изминатите години,  Општина Дебар упати апел со нив да се постапува според потребните стандарди.

– Бидејќи сме во сезона на менување летни со зимски гуми на возилата, апелираме до сите автомеханичари, но и до сопствениците на возила, употребуваните гуми кои се вон функција, да не се фрлаат на различни места, туку да постапат според соодветниот закон, стои во објавата на општината на веб-страницата.

Во спротивно, се нагласува во апелот, ќе бидат преземени соодветни мерки од страна на  општинскиот комунален инспектор.

Се додава дека апелот го упатуваат затоа што од искуството од изминатите години има многу проблеми со подигањето на автомобилските гуми, а како потврда за тоа објавена е и фотографија.

АКТУЕЛНО