Search
Search

Кои вредности ќе ги преговара Мицкоски за да склучи брак од интерес со Апасиев?

„Никогаш во политиката не велете никогаш. Тие вредности се ставаат на маса и се прави политички договор, дали ги делиме тие вредности или не ги делиме. Некои вредности ќе доминираат, некои ќе исчезнат. Тоа е политички дијалог што се прави по изборите“ рече Христијан Мицкоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, одговарајќи дали би коалицирал со Левица по изборите.

Тој со ова не ја отфрли можност за коалицијата со партијата која во своите програмски определби е анти-ЕУ и анти-НАТО, со цел доаѓање на власт.

За остварување на потребната бројка од 61 пратеник за формирање на влада, Мицкоски, според неговата изјава, е подготвен да разговара и да се откажува од вредностите за кои се залага тој и неговата партија.

Со ова лидерот на најголемата опозициска партија наговестува дека за доаѓање на власт е подготвен да се откаже од стратешките цели на државата и декларативните заложби на неговата партија за членство во ЕУ, преку коалиција со партијата која во своите програмски заложби е против евроатлантските интеграции на земјава.

АКТУЕЛНО