Search
Search

Пожар на место во Влае со стари бараки, каде Карпош планира да гради населба со згради

На локација во Влае каде ќе можат да се градат згради, викендов избувнал пожар. Полицијата истражува дали е подметнат и од кого, додека, ова во Скопје се случува често кога треба да се направи простор за нова градба. На местото каде гореше, Карпош планира да гради населба.

„Викендов почнаа пожарите на локација планирана за висококатници. Како што се случи минатата година со магацините на фабриката Треска, исто сега горат работилниците на поранешно ГП Маврово околу Мавровските куќи во Карпош, каде по донесувањето на ДУП-от ќе може да се градат 9-катници од по 28м“, напишаа од „Борба за Влае“.

Минатата година, од граѓанското здружение напишаа и што се планира на посоченото место каде викендов имаше огромен пожар.Без светлина и приватност, со намалена безбедност и узурпација на имот, сите овие проблеми може наскоро да станат први соседи на жителите на Карпош.

 

АКТУЕЛНО