Search
Search

Царина од 1% за увоз на нови возила и намален ДДВ на максимум 5% мотив за намалување на аерозагадувањето

Македонија не е производител на автомобили. Македонија не е производител ниту на автобуси или било какви моторни возила, па единствен начин за почист воздух е да се направи стратегија за евтин увоз на нови возила.

Според европската пракса, автомобилите и превозните средства, односно лошо преработените фосилни горива се петта причина за загаденоста на воздухот, а нечистиот воздух претставува трета причина за смртност во Светот.

Речиси сите белодробни заболувања, па дури и канцерот на белите дробови се последици на загадениот воздух.

Според експертите, Македонија мора да најде начин за стимулација, па некои професори од економските факултети од Европа, дадоа неколку насоки, кои македонските политичари би требало да ги стават на приоритетот на програмите за владеење.

Најнапред, мора да се воведе ниска царина, од 1% за увоз на нови возила. Да се стави ДДВ од максимум 5% и сите давачки да не надминуваат 10% од вредноста на возилото, вклучувајќи го и транспортот.

Втор момент е субвенционирање од страна на државата, и вклучување на банките за давање евтини кредити. Тие предлагаат, секој што е заинтересиран да купи ново возило да добие 30% повратни средства од државата како одложена субвенција со рок на враќање од 10 години без камата. Овие средства ќе послужат како гаранција за кредит од банка за купување возило, односно учество. Потоа, банките да издадат субвенциониран кредит со каматна стапка од најмногу 3% на период од 10 години за купување ново возило. На ваков начин, возило од 15.000 евра, купувачот би го чинело околу 16.000 евра, што би било рата од околу 8.200 денари месечно, со вклучен поврат на средства кон државата.

Државата сигурно ќе загуби многу од царина, бидејќи ќе се демотивира купувањето на отпадни возила од ЕУ, но фондот за здравство би заштедил околу 20% од плаќањето на лекови и други интервенции кои се последици од загадениот воздух и лошото согорување на горивото.

Експертите се едногласни дека новите програми во ЕУ за заштита на животната средина, како и приоритетите на ООН се задолжителни за секоја земја, а според нив Македонија не е сиромашна, па нема да има проблем да ја издржи и оваа реформа која би била слична на програмата “купи куќа, купи стан”.

 

АКТУЕЛНО