Search
Search

Пендаровски: Политиката и говорот на омраза од радикалните структури можат да резултираат со трагични последици

Сè почесто сме сведоци на националистички провокации што доаѓаат од одредени политички и верски кругови, со единствена цел, преку наметнување на својот светоглед да ја нарушат стабилноста на државата и да го минираат демократскиот поредок. Ова синоќа го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски кој беше дел од конференцијата по повод Меѓународниот ден на човековите права, 10 декември

„Добар дел од овие напади се резултат на пропагандни кампањи од странски центри или на нивна директна инфилтрација и поддршка на радикални политички организации. Неодамнешниот трагичен настан кој заврши со двојно грозоморно убиство, на површина го извлече занемарениот факт дека дел од овие радикални структури не само што се активни кај нас, туку и дека нивната политика и говор на омраза можат да резултираат со трагични последици“, рече Пендаровски

Тој додаде дека првенствена задача на сите демократски политички структури е јакнење на отпорноста на институциите и континуирана борба против екстремистите, без дневно политички калкулации.

 

АКТУЕЛНО