Search
Search

ЕУ: Прв закон во светот за вештачка интелигенција

По долги и тешки преговори, преговарачите од Европарламентот и земјите од ЕУ се договорија за основните принципи на „Законот за вештачка интелигенција“- опишан како нешто меѓу лабавите правила во САД и строгите во Кина.

Во иднина во ЕУ ќе важат построги правила за употреба на вештачка интелигенција (ВИ). По долги преговори, преговарачите од Европскиот парламент и земјите од ЕУ во Брисел се договорија за „Актот за вештачка интелигенција“ (AI Act).

Според Европскиот парламент, ова е првиот закон во светот за вештачка интелигенција. Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, го опиша договорот за порталот X како „историски. ЕУ ќе биде првиот континент кој ќе постави јасни правила за употреба на вештачка интелигенција“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен рече дека правната рамка ќе ја заштити безбедноста и основните права на луѓето и на компаниите.

Двете страни во наредните денови ќе преговараат за детали кои би можеле да го променат обликот на финалниот закон. Европскиот парламент и земјите од ЕУ допрва треба да го одобрат Законот, но тоа се смета за формалност.

АКТУЕЛНО